Honda советува – како се користи рачен менувач
Во време кога современите технологии сè повеќе рачниот менувач го туркаат кон заборав, Honda покажува дека автомобилската индустрија не заборавила на еден од своите заштитни знаци
Мануелната трансмисија во Европа и Јапонија сеуште доминира со околу 80% од уделот на пазарот, додека во САД таа е помалку од 5%! Токму затоа многу производители своите производи во САД ги нудат исклучиво со автоматски менувач, но Honda е една од оние компании лојална и на другата група на клиенти.
И токму, како и вечната дилема – бензин или дизел, така изборот помеќу мануелен или автоматски менувач е една од вечните недоумици кај автомобилските ентузијасти.
Како и се друго, и двете трансмисии имаат предности и недостатоци, свои следбеници ширум светот, па сепак рачните менувачи стануваат се поретки во современите автомобили.
Една од главните причини е е практичноста на автоматската трансмисија, бидејќи за многу возачи мануелната трансмисија односно менувањето на брзината и комбинацијата од куплунг, менувач и гас се „вистински кошмар“.
Тоа е една од причините за креирањето на ова видео од Honda кое е всушност упатство за употреба на мануелниот менувач и „трикови“ за полесно маневрирање и удобно возење.
Погледнете го приложеното видео.