Honda ja поддржa осветничката кампања против Facebook!
Сè повеќе компании се приклучуваат кон бојкотот на Facebook, што практично значи откажување од понатамошно рекламирање преку оваа медиумска платформа
Една од „бунтовничките“ компании е Honda Motor, која од први јули ќе престане да се рекламира на американската социјална мрежа.
Преку писмено соопштение, јапонскиот производител го изјави следново:
„Почнувајќи од јули, американската филијала на Honda ќе се откаже од натамошно рекламирање на Facebook и Instagram. Решивме да покажеме солидарност и да се обединиме со луѓето во борбата против омразата и расизмот. Овој потег е во согласност со вредностите на компанијата, кои во крајна линија се засноваат на меѓучовечко почитување “.
We are united in the pursuit of equality and justice, and stand with the Black community in the face of systemic racism and discrimination. Honda values are grounded in human respect and we must take action. Read more: https://t.co/CjBVVcLX9n
— HondaInclusion (@HondaInclusion) June 4, 2020
Во изјавата потпишана од Honda North America исто така се вели:
„Ова е длабоко стресно време за нашата нација и светот. Среде страшна криза со вирусот Covid-19, бевме сведоци на трагичнаи и вознемирувачки сцени од смртните случаи на Џорџ Флојд, Ахмад Абери и Бреон Тејлор. Сето ова е длабоко поврзано со вградениот, длабоко вкоренет расизам и отсуството на правда од нашето општество. Не е лесно да се најдат вистинските зборови и тоа се однесува на целиот тим на Honda, но мора да дадеме се од себе. Признаваме дека како компанија немаме одговори на сите прашања, ниту пак сме во состојба да држиме предавања на другите, но сè што чувствуваме треба да биде доволно за да нè придвижи во акција. Мораме да ги направиме вистинските работи“.
Honda на тој начин се приклучи на дуото на најголемите глобални рекламни огласувачи, Coca Cola и Unilever, кои веќе започнаа кампања против Facebook, заради несоодветна политика во однос на изборот на содржини што не покажуваат кредибилна полициска бруталност и доведуваат до погрешни заклучоци.
Потегот на јапонскиот бренд следеше откако Марк Цукерберг, како извршен директор на компанијата Facebook, се обиде да ги разјасни нејаснотиите кои ги имале огласувачите, по што најави мали измени во однос на прокламираната политика.
Facebook се обиде да ги отстрани последиците од одлуката за бојкот, барајќи од огласувачите да престанат да се повикуваат на сметка на социјалните мрежи дека ги игнорираат прашањата поврзани со расна омраза и ја дезинформираат јавноста.