Honda Accord е „Северноамерикански автомобил на годината за 2018 година“
Honda Accord е новиот горд носител на престижната награда „Автомобил на годината за 2018“ за територијата на Северна Америка (2018 North American Car of the Year)
Прекрасниот седан од средна големина, според номенклатурата на САД, ги победил своите директни конкуренти – Kia Stinger и Toyota Camry.
На сите им е познато дека Американците сакаат големи и робусни возила, па токму затоа постои посебна категорија резервирана за „тешкшите“. Победник во категоријата „Камионет на годината“ (2018 North American Truck of the Year) е Lincoln Navigator победувајќи ги Ford Expedition и Chevy Colorado ZR2.
За американски „SUV на годината“ (2018 Utility of the Year, прогласен е Volvo XC60, кој победата ја однел во конкуренција на Honda Odyssey и Alfa Romeo Stelviо.