
Хаос на автопат во Италија: Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир
Повеќе од 80 возила учествуваа во верижен судир во северна Италија, при што едно лице загина, а вкупно 37 се повредени, објавија италијанските медиуми
Судирот се случил поради густата магла и слабата видливост на автопат во близина на Верона.
Според весникот „Месаџеро“, шест повредени лица се во многу тешка здравствена состојба.