Хакери му објавија војна на Илон Маск / ВИДЕО
„Анонимуси“ го обвинија милијардерот за прекумерно влијание врз криптовалутите
Хакерската група Anonymous го обвинија шефот на SpaceX и Tesla, Илон Маск, за прекумерно влијание врз криптовалутите преку објавите на Twitter и презир за инвестициите на обичните луѓе. Пораката до милијардерот е објавена на официјалниот канал на организацијата на YouTube.
„Додека напорите на вредните луѓе се уништуваат од вашата јавна хистерија, вие продолжувате да ги малтретирате додека седите во една од вашите палати. Можеби се сметате себеси за паметна личност, но сега ќе запознаете некој што е еднаков на вас. Ние сме Anonymous. Ние сме легија. Доаѓаме“, се вели во видеото.
Хакерите го обвинуваат Маск за лага, доведувајќи ја во прашање неговата желба да ја подобри екологијата во светот. Според Anonymous, бизнисменот се однесува детски, бидејќи трговијата со крипто-валути не може да ја подобри состојбата со штетните емисии низ целиот свет.
Објавите на Маск на Twitter имаат силно влијание на котирањето на криптовалутите. Во јануари, шефот на Tesla го спомена биткоинот на својата страница на социјалните мрежи и неговата вредност скокна на повеќе од 37.000 долати. Подоцна, милијардерот сè повеќе ја споменуваше криптовалутата Dogecoin, што доведе до нејзин раст.
Претходно оваа недела, бизнисменот се пошегува на сметка на неговата „разделба“ со биткоинот, објавувајќи емотикон со скршено срце, на што приложи и цитат од песната „In the End“ од групата Linkin Park. Во него се вели: „На крајот на краиштата, не беше важно“, а по објавувањето, вредноста на криптовалутата падна за илјада долари.