Haas на своите социјални мрежи ги претстави боите на новиот болид со кој ќе се обиде да постигне подобри резултати од лани кога заврши убедливо на последното место во поредокот

Боите на болидот се доста слични на минатогодишниот во кој доминираше белата боја со руски мотиви.

Сопственикот на тимот, Џин Хас, во пресрет на промоцијата изјави дека се надева дека напорната работа и трудот што го вложиле во изминатите години ќе им донесат многу повеќе задоволство оваа сезона од претходната.

„Ова е време од годината кога сте оптимисти дека вашата работа во текот на минатата се исплатела и дека ќе бидеме конкурентни на патеката“.

„Во 2020 година решивме сето наше внимание да го посветиме на овогодишниот автомобил и во 2021 година беше тешко да ги гледаме нашите резултати. Сепак, се надеваме дека жртвите ќе донесат напредок и ќе не враќат во зоната на бодови оваа сезона “.

Како и претходните години, Haas официјално ќе го претстави болидот на првиот ден од тестирањата во Барселона, а за очекување е дека самиот болид ќе изгледа значително поинаку од овие рендери.