Компанијата собрана околу Volkswagen инвестираше многу во електрификација, а тоа сега се враќа преку зголемување на продажбата на електрични модели

Групата Volkswagen продала повеќе од 342.000 возила со батерии во првата половина од годината. Од тоа, 170.939 единици се чисто електрични модели, додека plug-in хибридите учествуваат со 171.300 единици.

Кристијан Далхајм, шеф на продажба на VW, истакнува дека поставените цели за штотуку завршената половина година се исполнети во целост. 

„Продолжуваме со глобалната електрична офанзива. Оваа година ќе продадеме околу милион електрифицирани возила и сигурни сме дека ќе ги исполниме барањата поврзани со емисиите на штетни гасови на возниот парк во Европа“, вели Далхајм.

Матичниот Volkswagen ја предводи и групата кога станува збор за испораки на електрични автомобили. Производителот од Волфсбург индексирал 92.859 регистрации на вакви возила во периодот од јануари до јуни 2021 година.

Следат Audi (32.775), Porsche (19.882), Škoda (17.697) и Seat (6,172) електрични автомобили.

Најпопуларниот електричен модел од групацијата Volkswagen во текот на првото полугодие бил VW ID.4 со испорачани 37.292 единици. VW ID.3 е на второто место со испорачани 31.177 единици, додека Audi e-tron е на третото место (25.794).

Четврти е Taycan на Porsche со продадени 19.822 автомобили, додека Volkswagen е-up e на петтото место со 17.890 испораки. Интересно, малиот автомобил на Volkswagen е убедливо најпопуларниот EV модел во Германија, каде завршиле повеќе од 15.000 единици во текот на првите шест месеци од оваа година.