Great Wall со нов центар за источна Mакедонија
Prima Inkaso – нов дилер на Толту
Во Штип свечено е отворен новиот продажно-изложбен салон на компанијата Прима Инкасо, дилер на импортерот Толту за програмата на кинескиот Great Wall. Отворањето се одржа во присуство на голем број истакнати личности, луѓе од фелата, новинари.., каде беше апострофирано дека ова е нов предизвик за компанија како Prima Inkaso, која долго време постои на македонската бизнис сцена, а воедно Толту ги реализира своите идеи за ширење на дилерската мрежа низ повеќе македонски градови, каде првата станица е Штип.
Како што беше потенцирано на отворањето, Толту близу три децении е една од водечките компании во автомобилската индустрија на овие простори. Веќе седма година тече договорот меѓу Толту и филијалата на кинескиот гигант, Литекс Моторс од Бугарија, за дистрибуција на возилата од програмата Great Wall, а наскоро и на неговите подмарки. Литекс Моторс во својата производствена програма има шест моделски остварувања, кои преку Толту им се на располагање на македонските купувачи, пик-апот Steed 5, кросоверот Hover H5, потоа Hover H6, а другите ќе пристигнуваат сукцесивно во текот на оваа и почетокот на идната година. Новите три изданија се, две од програмата на подмарката специјализирана за кросовери, на кои посебно се горди Кинезите, Haval H2 и Haval H6, како и новата верзија Steed 6, кои веќе имаа свое европско деби на салонот за автомобили во Софија.
– Ова е првиот чекор на Прима Инкасо, отворањето на продажниот салон, со големина од близу 400 квадратни метри. Посебно сме задоволни од подадената рака на Толту и ние да станеме дел од големото семејство на кинескиот производител, чија доверба секако нема да ја загубиме, туку со времето ќе ја надградуваме. Имаме уште многу заедно да создаваме, а тоа ќе го покаже времето, истакна директорот Кире Монев.
– Задоволни сме што отвораме во соработка со Прима Инкасо нов салон за продажба во Штип. Ова е објект со кој ќе се обидеме да го приближиме Great Wall до клиентите во овој регион, кои едноставно ќе се уверат во високите вредности и квалитети на возилата кои ги нудиме, потенцира Сашо Трпковски, првиот човек на Толту Моторс.