GoPro планира сопствено „ресетирање“ по неколкуте тешки деловни години. Еден од чекорите во оваа насока е буџетската акциона камера GoPro Hero, која ќе се продава по цена од 199 долари

GoPro Hero изгледа како и повеќето други камери во линијата на компанијата, но се разликува по тоа што не е опремен со функции и можности како премиум моделите, како на пример Hero 6.

GoPro Hero може да снима со максимална резолуција од 1440p @ 60fps. Камерата нема можност за снимање на забавено или 4K видео.

Може да снима фотографии од 10MP, но има само еден „рафален“ режим од 10 слики во секунда.

Хардверските можности на камерата се исто така послаби од вообичаените GoPro модели. Наместо добро познатиот GP1 прилагоден процесор (кој го користи моделот Hero 6 Black), GoPro Hero има чип на компанијата Ambarella.

Камерата има 2-инчен екран на допир, дигитална стабилизација на видео и гласовна контрола.

GoPro Hero е водоотпорен уред компатибилен со сите постоечки GoPro додатоци.

Loading...