Google нарачал 62.000 нови автономни автомобили
Waymo договорил големо зголемување на автономната флота на возила и нарачал 62.000 нови plug-in хибридни Chrysler Pacifica
Waymo, подружницата на Alphabet или компанијата чиј дел е Google со години наназад во САД тестира автономни автомобили, а во текот на оваа година ќе го лансира првиот такси сервис за транспорт на луѓе со автомобили без возач. Со цел подготовка за работа на овој сервис, Waymo го прошири своето партнерство со Fiat Chryser Automobiles (FCA) преку кое кои Waymo ја зголемува својата флота на автономно такси за нови 62.000 возила.
Овие возила кои треба да ги произведе FCA, ќе бидат опремени со автономната технологија која Waymo долго време ја развива и која досега се покажала како многу сигурна, бидејќи дури и по еден милион извозени километри не е забележан ниту еден сериозен инцидент.
Покрај партнерството врзано со проширување на возниот парк, особено е важно да се напомене дека овие компании почнаа да разговараат и за начинот како овие возила да бидат пласирани на пазарот. Иако ова се само првични разговори и ќе треба уште неколку години до појавата на такви возила во слободна продажба, а секако тука се и новите закони кои треба да бидат донесени, особено за одговорност во случај на незгода, и самиот почеток на таквите разговори покажува дека сме се поблиску до денот кога ќе можеме да купиме роботски автомобил.
Финансиските детали од овој договор не се познати (се шпекулира со бројка од околу една милијарда долари), а нарачаните автомобили од Waymo се plug-in хибридни Chrysler Pacifica. Станува збор за автомобил кој може да превезува осум луѓе и е идеален за флотата на такси возила на Google – Waymo веќе користи 600 такви возила, а наскоро оваа бројка ќе надмине 62.000.
Во прилог на соработка со FCA, Chrysler Pacifica претходно потпишаа партнерство и со Jaguar Land Rover за купување околу 20 илјади модели Jaguar I-Pace, електричен SUV, а веќе две години компанијата преговара и со Honda за автономни возила за превоз на товар.