Во споредба со стандардниот GTI Clubsport, 45 има црн покрив и заден спојлер како омаж на оригиналниот Golf I GTI

Секогаш популарната верзија на Golf, „hot hatch“ верзијата GTI, годинава слави четири и пол децении постоење. Германскиот производител го одбележува овој јубилеј со специјалното издание наречено GTI Clubsport 45.

Во споредба со стандардниот GTI Clubsport, 45 има црн покрив и заден спојлер, кои според VOlkswagen се омаж на оригиналниот црн пластичен спојлер на Golf I GTI.

Тука се и новите 19-инчни тркала Scottsdale, во црна боја, со црвен раб, зад кои се „кријат“ црвени сопирачки со натпис GTI. Покрај тоа, со ова издание доаѓаат и спортски издувен систем Акраповиќ и IQ.Light LED светлосни групи, а отстранета е и електронската блокада на максималното ограничување на брзината од 250 km/h.

За погонот е задолжен 2.0 турбо бензински мотор, од кој се „исцедени“ 300 коњски сили и 400 Nm вртежен момент, што е доволно за да достигне 100 km/h за 5,6 секунди.

Претпродажбата штотуку започна, а цената во Германија започнува од 47.790 евра.