Големи очекувања од Tonale: Новиот SUV треба да ја удвои продажбата на Alfa Romeo
Минатогодишната вкупна продажба на италијанскиот бренд падна на 55.000 примероци, 8.300 помалку од 2020 година
На почетокот на февруари, Alfa Romeo го претстави целосно новиот Tonale, компактен SUV кој во моделната гама на брендот се спозиционира под Stelvio. Конкуренти му се BMW X1, Mercedes GLA, Audi Q3 и Volvo XC40, но и Jeep Compass со кој ја дели платформата.
Минатогодишната вкупна продажба на италијанскиот бренд падна на 55.000 примероци, 8.300 помалку од 2020 година. Според Auto News Europe, Tonale треба да ги удвои тие бројки. Имено, со новиот SUV, Alfa влегува во трендовскиот сегмент на компактни SUV модели кои годишно „проголтува“ меѓу 2,5 и три милиони примероци, а Италијанците веруваат дека Tonale со продажба од околу 70.000 примероци ќе ја зголеми нивната продажба на над 100.000 примероци годишно.
Tonale е првата електрифицирана Alfa, но целосно електрична верзија не е планирана. Постојат два главни бензински мотори: 1.5 turbo Hybrid достапен во конфигурација од 130 или 160 КС и 1.3 turbo во комбинација со plug-in хибриден систем кој може да испорача вкупно 275 КС.
Повеќе за Alfa Romeo Tonale на следниот линк.