Легендарната руска Lada Niva по се изгледа и понатаму е неверојатно популарна во Европа

Иако легендарниот теренец официјално не се продава во Европската унија и Велика Британија, грижата за Niva ја преземаат таканаречените сиви дилери. Сите количини возила што доаѓаат во изложбените салони се веднаш распродадени, а наводно има и долги листи на чекање.

Порталот Lada Documentary објави фотографија од Англија на која се прикажани седум нови Niva возила натоварени на камион во близина на пристаништето Довер.

AvtoVAZ престана да ја испраќа Niva во Европската Унија уште пред две години поради построгите стандарди за емисија на штетни гасови – моторот не го исполнуваше стандардот Еуро 6. Меѓутоа, интересот за овој SUV не е исчезнат кај Европјаните, а сивите дилери некако успеваат да го сертифицираат автомобилот според новите стандарди.

Во моментов Lada Niva Legend може да се купи во Германија, Чешка, Словачка и Велика Британија, но цената не е намалена. На пример, во Словачка, потребни се најмалку 16.590 евра за Niva, што е околу 1.500.000 рубли по тековниот курс. Во Русија, цената започнува од 632.900 рубли. Во Велика Британија, Legend е уште поскап – чини 17.295 фунти (1.760.000 рубли). Тоа е цената на основната верзија со мануелно подигање и спуштање на стаклата и без клима уред. Подобро опремена опција Британците ги чини речиси 2.000.000 рубли (нешто над 23.000 евра).