Голем удар за Tesla во Европа
Фабриката во близина на Берлин нема да биде завршена на време
Американскиот производител Tesla се соочува со огромни проблеми при изградбата на својата нова Gigafbrika во близина на Берлин, пренесува германското издание Automobilwoche и посочува дека повеќето основни згради на територијата на фабриката сè уште не се изградени.
На почетокот на оваа недела, Tesla, наводно, ја известила Комисијата за хартии од вредност на САД дека може да не ги испочитува роковите за изградба поради проблеми, вклучително и регулаторна усогласеност, налози, вработувања и ограничувања во синџирот на снабдување. Компанијата, исто така, се соочува со проблеми со „темпото на распоредување на опрема за производство и онлајн процеси со можност за производство на висококвалитетни единици од големи размери“.
Плановите на Tesla беа фабриката да профункционира во средината на 2021 година, со производство на кросоверот Model Y, како и нови батерии со генерација 4680. Проблемите на компанијата се зголемуваат и со фактот дека може да не добие државна помош од локалните власти. Европската комисија неодамна одобри помош за Tesla, BMW и други производители на електрични автомобили за да им помогне да го зголемат производството, според очекувањата американската компанија требаше да добие 1 милијарда евра.
Портпаролот на германското сојузно министерство за економија изјави дека конечната бројка за помош сè уште не е утврдена.
„Не можеме да ги потврдиме бројките за финансирање кои кружат во медиумите, а се однесуваат на Tesla. Во моментов, конечниот износ на финансирање за одделни проекти не е утврден “, вели портпаролот на Министерството.