Во април, во Германија се продадени 50.800 автомобили со електричен погон

Во текот на месец април, испорачани се близу 230.000 автомобили, што е раст од 90% во споредба со несреќната 2020 година, но сепак е за 19% понизок резултат од истиот месец во 2019 година.

Автомобилите на струја стануваат сè попопуларни кај Германците. Во април, тие имале удел на пазарот од 22,1%, што е шести пат по ред да изнесува повеќе од 20% за оваа ниша. Електричните модели стигнале до 23.816 потрошувачи, додека бројот на регистрирани plug-in хибриди е 26.988 во текот на претходниот месец во Германија.

Кога станува збор за успехот досега, заклучно со април, во оваа земја се испорачани повеќе од 193.000 автомобили на батерии во текот на 2021 година. Од тоа, 88.510 се членови на EV сегментот, додека бројката на plug-in хибридите е 105.035 возила.

Што се однесува до лидерите во сегментот на батериски возила, домашните брендови го имаат главниот збор во Германија. Volkswagen испорачал вкупно 9.363 единици, од кои 6.361 биле целосно електрични, а на plug-in хибридите припаѓа останатиот дел од колачот. На второ место е Mercedes со 6.964 автомобили.

Интересно е што најголемиот дел од продажбата на Mercedes се хибриди – дури 6.153 примероци, додека само 811 се електрични модели. На трето место е BMW со 4.667 регистрации (електрични – 1087, plug-in хибрид – 3.580).

Кај индивидуалните модели улогата на лидер му припаѓа на Volkswagen Uр, односно на неговото електрично издание. Во текот на претходниот месец биле испорачани дури 2.604 единици, проследени со уште два автомобили од Volkswagen. На второ место е ID.3 од кое со продадени 2.264 возила, додека на третото место е ID.4 (1.446).

Интересно е што Tesla е далеку од челните позиции на продажната листа  во Германија. Во текот на април, американската марка индексирала само 484 регистрации во оваа земја, од кои 482 отпаѓаат на Model 3.