Голем гаф на NBC: Новинар ги советува возачите како да штедат гориво… Во електричен автомобил! / ВИДЕО
Кога ја сфатила грешката, новинарката изјавила: „Возењето во електричен автомобил е најдобар начин да заштедите гориво“
Голем гаф во емисијата „The Today Show“ која секојдневно се емитува на NBC News. Во извештајот за дивеењето на цените на горивата, новинарката Вики Нгујен се обидела да ги советува возачите како да заштедат гориво.
Таа ги советувала гледачите со докажани трикови: на колку бари да ги напумпаат гумите, како да забрзуваат и сопираат, кога да го изгаснат моторот во сообраќаен метеж …
Проблемот настанал кога било откриено дека таа ги советува возачите да штедат гориво во целосно електричен автомобил!
Прилогот наречен „Како да се извлече максимумот од резервоарот за гас“ (How to get the most out of a tank of gas) снимен во чисто електричниот Ford Mustang Mach-E нема премногу смисла. Или има, бидејќи новинарката „навистина го свела трошењето на минимум“.
Кога го сфатила проблемот, Вики се пошегувала на своја сметка:
„Се прашував колку време ќе треба некој да забележи! Мустангот беше многу потивок за снимање од другите автомобили, а возењето во електричен автомобил е најдобриот начин да заштедите гориво!“