Потписниците ќе продолжат да собираат поддршка за укинување на моторите со внатрешно согорување пред ревизијата на стандардите за СО2 во ЕУ во јуни годинава

Заеднички, 27 компании апелираат до Европската унија стопирање на продажбата на нови автомобили со бензински и дизел мотор во Европа најдоцна до 2035 година. Потписниците ќе продолжат да собираат поддршка за укинување на моторите со внатрешно согорување пред ревизијата на стандардите на СО2 во рамките на ЕУ во јуни годинава. Пред воведувањето на новиот стандард (Еуро 7), ова е очигледно нова форма на притисок врз европското законодавство. Компаниите потписнички, вклучително и IKEA Retail, Sky, Uber, Vattenfall и Volvo Cars, претставуваат широк спектар на индустрии. Тие велат дека фиксниот датум ќе испрати јасен сигнал за инвестиции до производителите на автомобили, синџирите за снабдување, компаниите што управуваат со инфраструктурата…

Автомобилите и вановите се одговорни за 15% од сите европски емисии на СО2 и се најголемиот единствен извор (26%) на токсични емисии на азотни оксиди, кои предизвикуваат хронични болести и предвремени смртни случаи на 54.000 Европејци секоја година, се вели во заедничкото соопштение. Неодамнешната анкета покажува дека скоро две третини од жителите во градските средини поддржуваат забрана за продажба на нови бензински и дизел автомобили во Европа по 2030 година.