На саемот во Токио се претставени две нови верзии – Nissan GT-R Premium T-Spec и NISMO Special Edition

Nissan го освежи својот легендарен спортски модел GT-R. Иако повеќе не е најмодерниот или најмоќниот спортски автомобил, а кој веќе не се ни продава во Европа поради строгите регулативи за емисија на издувни гасови, легендарната „Годзила“ продолжува да го буди интересот на љубителите на брзината ширум светот. Во освеженото издание ќе пристигне исклучиво во јапонските салони веќе напролет.

На автосалонот во Токио 2023 година беа претставени две нови верзии – Nissan GT-R Premium T-Spec и NISMO Special Edition со минимални козметички промени како што се нова решетка за ладилникот и доработена суспензија. Од Nissan наведуваат дека обезбедиле попрефинето возење со помалку бучава и вибрации, а она што останува е моторот: 3,8-литарски V6 битурбо со 570 КС и во верзијата NISMO со 600 КС.

 

NISSAN GT-R Premium edition T-spec
NISSAN GT-R NISMO Special edition

Своето деби го имаше и NISMO Special Edition со аеродинамички прилагодувања и специјално подесување на суспензијата. Меѓу другите подобрувања, може да се наведат диференцијал со ограничено лизгање на предната оска, карбонска хауба и седишта Recaro, исто така со карбонска структура. 

Целосно нов електрифициран модел се очекува дури во 2025 година.

ФОТО ГАЛЕРИЈА