Го имаат десет милиони Toyota возила и драстично го намалува бројот на сообраќајни несреќи / ВИДЕО
Безбедносниот пакет Toyota Safety Sence драматично го намалува бројот на несреќи при удари од позади, а во моментов се вградува во 90% од моделите на Toyota и Lexus
Системот Toyota Safety Sence премиерно e претставен со Corolla во 2015 година, а денес 3,5 години подоцна, сведоци сме на големо достигнување – постигната е цел од 10 милиони инсталации. Во моментов, системот е достапен во 68 земји, а до 2020 година ќе биде достапен во 100 земји.
Според предвиденото, до крајот на оваа година, со системот ќе располагаат три милиони возила во Јапонија и пет милиони возила во Северна Америка. Од почетокот на оваа година, воведен е системот од втора генерација, со подобрени функции и подобрена прилагодливост.
Системот помага во избегнување или намалување на штетата и повредите како последица од тешки сообраќајни незгоди и вклучува три функции: систем за автоматско сопирање при опасност од судир (Pre-Collision System – PCS), систем за предупредување за напуштање на лентата на движење (Lane Departure Alert – LDA) и систем за автоматско префрлување помежу долго и кратко светло (Automatic High Beam – AHB).
Според статистиката, бројот на удари од позади или најчестата форма на судири во Јапонија, кога станува збор за возила опремени со системот за безбедност Toyota e намален за околу 70 проценти.