ГН на Штаерска: Доминација на Хамилтон и Mercedes, катастрофален ден за Ferrari / ФОТО+ВИДЕО
Луис Хамилтон со Mercedes во втората трка стигна до првата сезонска победа и по слабото издание на истата патека минатата недела, на најдобар начин им се оддолжи на своите фанови
По неубедливите времиња на тренинзите во петокот, Хамилтон успеа да биде најбрз во квалификациите и во трка, а првото место практично му беше загрозено само во еден момент, при замена на гумите.
Хамилтон во текот на 71 круг беше максимално сконцентриран и не погреши ниту еднаш, по што доминантно дојде до својата прва сезонска победа.
Макс Ферстапен беше долго време втор, имаше добро време, но не и доволно добро за да го загрози Хамилтон. На стартот успеа добро да се справи со притисок од Карлос Саинз кој од третата стартна позиција уште во првиот агол силно притисна во намера да избие пред него. И додека во овој случај борбата за позиции заврши без инцидент, тоа не беше случај неколку болиди поназад.
Судирот на двајца возачи од ист тим е секогаш лоша работа, а овој пат во таа улога се најдоа двајцата возачи на Ferrari. Леклерк беше премногу агресивен во првата кривина и буквално „се качи“ на задниот дел од болидот на Фетел, кој поради тоа остана без задното крило. Оштетениот болид, Фетел го однесе до боксовите, но само за да го паркира. Многу кратко по него, за катастрофата за Ferrari да биде комплетна, од трката се повлече и Леклерк, поради оштетутвања на долниот дел од болидот.
A double disaster for Ferrari on Lap 1 of the Styrian Grand Prix ?
Vettel and Leclerc collide – and within minutes both are back in the garage#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/yMs3rvPfa8
— Formula 1 (@F1) July 12, 2020
За разлика од минатонеделната трка, на втората болидите беа позидржливи, а со тоа имавме и далеку помалку повлекувања. Освен возачите на Ferrari, од трката се повлече и Естебан Окон од Renault кој имаше проблеми со прегревање на моторот (во 26 круг).
Токму тогаш, Хамилтон заминува во бокс, а неговите механичари фантастично си ја завршуваат работата. Тоа стана јасно откако по него во боксот доаѓа и Ботас кој по враќањето на патеката е зад Ферстапен, а пред Албон од Red Bull, но доволно брз за наскоро да го притисне Холанѓанецот.
Серхио Перез од Racing Point кој трката ја започна од 17-та позиција, напредуваше од круг во круг, за да во 50. круг го запише најбрзиот круг и да биде на високо петтото место.
Многумина уште тогаш почнаа да гласаат за него за титулата „Херој на денот“, а тој им врати со уште два најбрзи круга до крајот
Следеа 15. круга на досада, по што во последните три круга следеше вистинска возбуда.
Прво беше видена врвна борба помеѓу Макс Ферстапен и Валтери Ботас. Во два наврати Ботас не успева во DRS зоната да го помине младиот Холанѓанец, за сепак поради проблеми со предното крило на Ферстапен, тоа му успее во третиот обид.
Перез во меѓувреме го „бркаше“ Албон за местото број 4, но во обидот за престигнување дојде до контакт кој го штети болидот на Мексиканецот. Тоа го искористи младиот Норис од McLaren кој во фуриозен финиш од осмото место стигна до петото поминувајќи ги прво Строл и Рикиардо, а потоа во самиот финиш и Перез. Втор по ред фантастичен викенд за Ландо Норис и воопшто Mclaren, ако се земе во предвид дека неговиот колега Карлос Саинз во финишот на трката го одработи најбрзиот круг на трката – 1.05: 619 (минатиот викенд тоа го направи Ландо Норис).
Onboard with @LandoNorris as he powers his way through the final two laps to snatch P5 at the Styrian Grand Prix ?
The @McLarenF1 driver is P3 in the driver standings after two races ?#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/WyBh13Gxrp
— Formula 1 (@F1) July 12, 2020
Се на се, втора одлична трка и двојна победа за Mercedes. Прва победа за Хамилтон, а друштво на подиумот му правеа неговиот тимски колега Валтери Ботас и Макс Ферстапен од Red Bull.
New for 2020 = Podium Robots ? ? ?#AustrianGP ?? #F1 pic.twitter.com/RK41dnIdwu
— Formula 1 (@F1) July 12, 2020
Првата десетка ја заокружија Александар Албон, Ландо Норис, Серхио Перез, Ленс Строл, Даниел Рикардо, Карлос Саинз и Данил Квјат, по кои следеа Раиконен, Магнусен, Грожан (одлична трка со оглед дека стартуваше од боксот), Џовинаци, Гасли, Расел и Латифи.
Race Higlights:
Резултати:
Следната трка од шампионатот се вози веќе за седум дена во Унгарија, на познатата патека Хунгароринг.
Изјавија по трката:
I am disappointed in myself. I'm sorry but being sorry is not enough. Seb hasn't got any faults today. I've let the team down after them working a whole week to bring the updates early. Too eager to gain those places in the first lap. I will learn from it.
— Charles Leclerc (@Charles_Leclerc) July 12, 2020
Шарл Леклерк:
„Разочаран сум. Жал ми е, но знам дека тоа не е доволно. Себ не направи ништо лошо денес. Јас уништив сè што тимот направи минатата недела. Сакав премногу во првиот свиок и првиот круг. Ќе научам нешто од тоа”, напиша Леклерк на Twitter.
Луис Хамилтон:
“Благодарен сум што сум повторно на првото место. Имам впечаток дека мина долго време откако победив во трка минатата сезона, па затоа да се вратам вака по минатиот тежок викенд е одлично, голем чекор напред”, изјави Хамилтон по трката.
„Морам да се заблагодарам на мојот тим и на сите во фабриката. Ова е чудна година, но одлично е да се вратите, да возите и да возите на овој начин. Тимот направи фантастична работа со стратегијата и на мене остана само да го спроведам сето тоа, да ги избегнувам ивиците и да победам“, додаде Хамилтон.
Следната трка ќе се одржи следната недела во Унгарија, а шесткратниот светски шампион изјави дека е среќен поради тоа.
„Сакам трки што се возат секоја недела. Можеме ли да го правиме тоа преку цела година?“, изјави Хамилтон.
Renault поднесе жалба против Racing Point
UPDATE: Renault's protest of Racing Point's legality has been admitted by the FIA Stewards
Parts of the Racing Point and Mercedes cars will be sealed for further examination#F1
— Formula 1 (@F1) July 12, 2020
За време на трката за Големата награда на Штаерска, Renault имаше проблеми со болидот на Естебан Окон, а Даниел Рикардо, заврши зад двата болида на Racing Point и зад еден McLaren, откако го помина Ландо Норис.
По завршувањето на трката, тимот на Renault забележал некои нерегуларности и ги пријавил двата болида на Racing Point, кои според нивно мислење целосно го копирале Mercedes.
Racing Point уште пред почетокот на сезоната беше наречен „Розов Mercedes“ затоа што како основа го земале минатогодишниот болид на Германците, иако според се што може да се види на патеката можеби земале и многу повеќе од тоа.
Жалбата ќе биде дополнително разгледана и одлучувано по неа.