Ги возел децата во багажникот, а потоа бил запрен од полиција. Изговорот неверојатен! / ФОТО
„А што да правам, во rent-a-car компанијата немаа Q7 за изнајмување“
Откако бил сопрен од полицијата, возачот на ова Audi RS4 е казнет со 840 евра, за дури шест прекршоци
Ова не носи до приложената фотографија. Возачот на оваа сегашна генерација RS4 Avant е забележан како превезува деца во багажникот на автопат во Каталонија.
Circula con dos menores en el interior del maletero abierto en una carretera de Cataluña. pic.twitter.com/0Duk1x1F5s
— Alerta Zeta | Sucesos ?? (@AlertaZeta) August 4, 2021
Се подразбира дека ова е крајно опасно, особено ако задната врата не е целосно затворена. Најлошо од се е дека ,,автомобилот е фотографиран на левата страна на автопатот, што значи дека веројатно возел со полна брзина. Без појасите, работите очигледно може да тргнат наопаку во секој момент.
Локалните извештаи велат дека францускиот турист возел кон Коста Брава, крајбрежен регион на Каталонија во североисточна Шпанија.
Откако бил запрен од полицијата, возачот бил казнет со 840 евра за дури шест прекршоци: два за возење на две деца под три години без соодветни детски седишта, едно за непромислено возење, едно за превоз на повеќе луѓе отколку што предвидел производителот и уште два за неносење заштитен појас.