Неодамна, рускиот AvtoVAZ престана да го снабдува европскиот пазар со своите автомобили, па локалните дилери бараат замена за Lada.

Уште минатата есен, во салоните на германскиот увозник за Lada можеа да се најдат кинески минибуси и комбиња.

До пролетта, сите залихи на Lada која се повлече поради заострените еколошки стандарди во Европската Унија се продадени. Како што изјавија од рускиот производител на автомобили, не било исплатливо да се инвестира во развој на технологија и надградби на моторите до стандардот Euro 6d-TEMPT.

Токму затоа, Германците се вртат кон кинеската алтернатива, додека AvtoVAZ ќе се фокусира на земјите од поранешниот Советски Сојуз, особено Казахстан, Белорусија и Узбекистан, како и Латинска Америка и Блискиот исток.