Германците градат нова тест делница за електрични камиони
Се чини дека Европа нема да може да ја избегне електричната иднина ниту во областа на транспортот на стоки
Германија и овде како да одлучила да ја преземе улогата на локомотива во развојот на транспортни решенија, па затоа ја форсира оваа насока на развој која вклучува употреба на батериски „тешкаши“.
Во Германија веќе се вршат тестови за експлоатација на гломазни камиони, кои преку трол се поврзани со електричната мрежа која би се градела покрај германските автопатишта, за сега да дојде вест дека во план е уредување на цела секција од пат кој би бил погоден за батериски камиони.
За да се пренесе таков проект од хартија во реалниот свет, потребно било здружување на дури четири производители. Во овој случај станува збор за MAN, Scania, Volvo и Daimler. Водечката и организациона улога е доверена на германската Асоцијација на автомобилската индустрија.
Планот предвидува автопатот број два, кој вообичаено води од Берлин до регионот Рур, да биде база за демонстрација на показната рута за електрични камиони. Во првата фаза бетонскиот дел би бил опремен со станици кои нудат забрзано полнење, односно CCS конектори, додека подоцна ќе се постават супермоќни таканаречени „мегаватни полначи“, на четири точки долж автопатот. Важно е да се каже дека вакви станици би се граделе од двете страни на делницата.
Идејата е целиот проект да биде завршен во следните две години, односно до есента 2023 година. Тогаш треба да започне тест периодот на трасата, во која би се користеле камиони, во оваа задача на партнерските брендови.
Финансиската вредност на проектот се проценува на 27 милиони евра, што е сума која целосно ќе се инвестира во опрема покрај автопатот.