Голем чекор напред за баварскиот производител кој продолжува да ја електрифицира гамата, а i4 доаѓа како почеток на новиот бран електрични модели од Минхен

Производството на споменатиот електричен седан започна во главниот град на Баварија. Иако во BMW вложија максимални напори i4 да го прилагодат на процесот на склопување кој веќе постои во фабриката во Минхен, сепак компанијата мораше да направи одредени промени.

Прилагодувањето на производната линија на крајот го чинеше BMW 200 милиони евра – што е сериозна сума на пари за производство на еден автомобил во време на ваква криза во автомобилската индустрија. Да потсетиме, покрај i4, во оваа фабрика се монтираат и Серија 3, како и M3, M4 и Серија 4 Gran Coupe.

Во меѓувреме, BMW, како што веќе пишувавме, ќе го премести производството на термички мотори од Минхен. Во иднина тие ќе се склопуваат во Хемс Хол во Велика Британија, како и во во Австрија. Целосното преместување на агрегатното производство од Минхен ќе биде завршено до 2024 година.