Минатиот месец, во Германија бројот на новорегистрирани возила бил за четвртина помал, во споредба со бројката за истиот период минатата година

Многу водечки производители на автомобили известуваат дека имаат значително намалување на побарувачката од клиентите за нивните производи, иако има и некои исклучоци.

Падот на германскиот пазар беше очигледен уште од почетокот на годината, но се забрза во текот на септември кога се регистрирани 196.972 нови автомобили, што е за 25,7% помалку од минатиот септември, објави Федералната управа за транспорт (KBA). Падот на ентузијазмот кај клиентите е регистриран и во јули и во август, но со поблаг интензитет. Заедно со овие информации, нагласена е и приказната за кризата во снабдувањето со електронски компоненти.

Најголем пад кога станува збор за продажбата во септемви имал Ford со загуба од 51,3%, додека падот кај Mercedes e 49,8%. Споредено со овие резултати, може да се каже дека Volkswagen и BMW одлично поминале. Првиот со пад од само 23,3%, а вториот со -18,7%. Најдобро со минусот поминал Opel (-1,2%). Има и такви кои работеле во плус како Smart (+23%), како и Porsche (+3%).

Возилата со алтернативен погон, од друга страна, имале силен раст на продажбата во текот на септември, така што електричните автомобили биле попопуларни за 58,8%, додека во апсолутни бројки, бројката е 33.655 новорегистрирани возила. Нивниот пазарен удел веќе е 17,1%. Најголем раст има Tesla од дури 157,8%.

Поголема побарувачка забележале и plug-in хибридите (22.842 продадени возила, раст од 13,5% и пазарен удел од 11,6%). Со бројката од 60.159 нови регистрации, учеството на хибридите (вклучувајќи ги тука и plug-in хибридите) се искачиlo на 30,5% (плус 11,3 проценти) споредено со истиот период минатата година.