Genesis GV60 е првиот електричен кросовер на корејската премиум марка / ФОТО
Genesis го претстави GV60, својот прв чисто електричен модел на наменска архитектура, ветувајќи дека новитетот ќе обезбеди „целосно ново искуство“ на премиум пазарот.
Овој нов кросовер е базиран на напредната архитектура E-GMP на Hyundai Motor Group, која ја користи Hyundai Ioniq 5, како и идниот Kia EV6.
Моделот GV60 има електричен систем од 800 V, овозможувајќи ултра брзо полнење од 350 kW. Доаѓа во верзии со еден или два мотори и различни големини на батерии. Ќе биде позициониран под GV70 и GV80 во понудата на теренецот Genesis.
Новитетот на Genesis е демонстрација на еволуцијата на новиот дизајн на брендот, со фарови во две линии и ревидирана верзија на логото. Долниот дел од „лицето“ има голема маска за која Genesis вели дека ги нагласува динамичните перформанси и помага во ладењето на батеријата. Страничниот профил е видливо во „купе SUV“ стил, со чисти површини, со рачки на вратите кои излегуваат од нив и камери наместо конвенционалните ретровизори. Задниот дел на автомобилот се карактеризира со фиксирано крило на „опашката“ и наклонета линија на покривот.
Кога станува збор за внатрешноста, тандемот дигитални дисплеи доминира во амбиентот, додека големата централна конзола е домаќин и на голем простор за складирање и на клучните контроли наф возилото, решение слично на она во Ioniq и EV6.
Автоматскиот менувач се контролира преку необична „кристална сфера“, за која Genesis вели дека има вградено осветлување кога автомобилот е исклучен.
Genesis сеуште не открива технички детали за GV60, но треба да се очекува дека тие ќе бидат паралелно со Ioniq 5 и EV6. Ова значи дека најверојатно ќе се нуди со батерии од 58 и 77,8 kWh, а единицата со поголем капацитет обезбедува дострел од повеќе од 480 километри.
Варијантата со еден мотор со погон на задните тркала најверојатно ќе испорачува 170 и 217 КС, додека двомоторната верзија ќе има 305 коњски сили.
GV60 ќе биде еден од трите електрични автомобили што Genesis ќе ги лансира во Европа следната година. Ценовникот се уште не е објавен.