Јужнокорејскиот премиум бренд брзо ја развива својата гама, па по електричниот седан, пристигнува и теренец со електричен погон

Genesis GV60 е поставен на платформата E-GMP, која ја користат и Hyundai Ioniq 5 и Kia EV6. Инаку, оваа архитектура ќе биде основа на успехот на групацијата Hyundai кога станува збор за електрични возила  и ќе ја користат голем број на модели. Genesis веднаш потврди дека GV60 ќе има варијанта со погон на задните тркала, како и верзија со погон на сите четири тркала, додека за нешто подоцна е се најавени и перформантни изданија.

Електричниот теренец се нуди со една батерија која ќе биде заедничка за сите верзии. Има капацитет од 77,4 kWh и во зависност од верзијата може да дозволи автономија помеѓу 368 км и 450 км. 

Варијантата со заден погон користи само еден електричен мотор (225 КС и 350 Nm), додека верзијата со погон на сите тркала има две единици кои испорачуваат вкупно 313 КС и 605 Nm. Импресивни бројки, но тоа не е крај, бидејќи на врвот од понудата е перформантно издание со 429 „глави“ и 605 Nm. Овој модел има како опција т.н. „Boost Mode“ кој обезбедува одлични перформанси, но трае само 10 секунди. Но, во овој режим на возење, споменатиот теренец е во состојба да направи јуриш до 100 km/h за точно 4 секунди!

Како и кај братските модели од Hyundai и Kia, и овој SUV може да користи технологија за полнење од 800V, што му овозможува да користи исклучително брзи полначи. На полнач од 350 kW, батеријата може да се наполни од 10 до 80% од капацитетот за само 18 минути.

Инаку GV60 само изгледа како компактен модел. Долг е 4.515 mm со огромно меѓуоскино растојание од дури 2.900 mm! Genesis наведува дека кабината е исклучително пространа и дека патниците на задното седиште можат да уживаат во удобност невидена во SUS моделите со исти димензии.

Внатрешноста може да се пофали со многу интересен дизајн. За почеток, има камери однадвор наместо ретровизори (решение што нема да биде достапно во сите земји), а има мали дисплеи на вратите на возилото за испис на сликите испратени од камерите. Пред возачот се два големи екрани, едниот како инструмент табла, а другиот за гледање и управување со инфозабавниот систем.

Тука е и мултифункционалниот волан со два крака, а особено вреди да се пофали фактот дека Genesis не се откажал целосно од физичките прекинувачи и копчиња, кои се уште се далеку попрактично решение од некои екрани на допир. Електричниот теренец има и HUD (head-up дисплеј), како и аудио систем Bang & Olufsen со дури 17 звучници. Особено интересно решение е „менувачот“ кој е направен во сферична форма.

Корејците го „натовариле“ GV60 со огромна количина активни и пасивни безбедносни системи. Практично се што може да се инсталира во возилото во овој момент нашло примена во овој електричен теренец.

Genesis се уште не објави кога ќе започне продажбата на претставениот модел, но сигурно е дека ќе им се понуди и на европските купувачи. Цената за сега не е позната…

ФОТО ГАЛЕРИЈА

[useyourdrive dir=”1cfViRgc-tcj0CURZukn0iOSGyN0AKqT2″ maxheight=”480px” mode=”gallery” viewrole=”administrator|editor|author|contributor|subscriber|guest” downloadrole=”all” showfolders=”0″ showsharelink=”1″ showrefreshbutton=”0″ search=”0″ showbreadcrumb=”0″]