General Motors претстави летeчко такси / ВИДЕО
Пристигнува автономно летечко возило
Станува збор за летечки автомобил кој работи на принципот на дрон: за погон користи батерии од 90 kW и четири пропелера, а може да достигне брзина и до 100 km/h. Како што е наведено во насловот, станува збор за летечко возило кое вертикално слетува и полетува. Како некој мини хеликоптер.
General Motors возилото го нарекува Cadillac eVTOL air taxi.
„Ние се подготвуваме за свет каде што напредокот во електричната и автономната технологија дозволува лични воздушни патувања“, вели шефот на одделот за глобален дизајн во General Motors, Мајкл Самко.