Генерално, кога нешто се нарекува „руски тест“, тогаш генерално треба да се знае дека тоа не треба да се прави „по дома“

Во случајов, Русите решиле автоматскиот менувач да го стават на еден необичен тест од екстремна природа. За „жртвено јагне“, е избран Toyota RAV4, се разбира со автоматски менувач.

Експериментот е едноставен. Што се случува кога автоматскиот менувач од нормална положба за движење го враќате во рикверц. Тестот е направен од понатиот YouTube канал Garage 54, и тоа во неколку наврати, при движење од 40 до 100 километри на час.

Користениот модел на Toyota е произведуван помеѓу 2000 до 2005 година.

Пред да откриете каква штета може да му нанесе овој луд експеримент на автомобилот, треба да се спомене дека современите системи за автоматска трансмисија во автомобилите имаат сензори кои го детектираат правецот на движење на возилото и, доколку станува збор за движење напред, го отфрлуваат префрлувањето на менувачот во рикверц како случајност.

Исто така, ако возачот се обиде да го користи менувачот на нелогичен начин, наведените сензори ќе го спречат, односно ќе го спречат менувањето на степенот на пренос за возење наназад.

Погледнете го приложеното видео и не се обидувајте ова да го правите на вашиот автомобил!