Французите воведуваат построг закон за употреба на мобилните телефони зад воланот
Со новиот закон се предвидува возачот да не смее да го користи мобилниот, освен ако возилото не е сопрено на одредено паркинг место и моторот на возилото исклучен
Ова значи дека оној кој управува со автомобил не може да разговарате ако, на пример, застане на кратко со автомобилот покрај патот на место кое не е наменето за паркирање – прво ќе мора да побара обележан паркинг.
Владата со овој закон има за цел да се намалат бројот на жртви на патиштата поради употреба на телефон зад воланот, но, исто така, и за да се спречи застанување на возила покрај патот, каде што не е дозволено и со тоа да влијаат на нормално функционирање на сообраќајот. Оние кои ќе ја прекршат забраната ќе бидат казнети со 135 евра и ќе добијат казнени поени.
Користењето на мобилен телефон е дозволено само во исклучителни околности, ако станува збор за итен случај, како што е сообраќајна незгода кога возачот мора да се јави во полиција или брза помош.
Во најновата анкета, 9 од 10 возачи во Франција признаат дека користат мобилен телефон додека возат, а само во 2015 година биле напишани 300.000 казни за овој тип на прекршок.
Построгата забрана за употреба на мобилните телефони зад воланот на автомобил пристигнува по случај во кој возач се обидел да ја оспори казната што ја добил откако тој го сопрел неговиот автомобил на страна додека се наоѓал во кружен тек со вклучени четири трепкачи само за да направи телефонски разговор.