Франција: Беспилотни летала во функција на радарска контрола
Веројатно сите знаете дека радарските контроли се спроведуваат со употреба на стационарни или мобилни мерни уреди. Полицијата, во некои случаи, може да користи дури и хеликоптери за да дојде до податоци за брзината на одредено возило. Сега на ред е уште едно „тајно“ полициско оружје во борбата против оние кои не ги почитуваат сообраќајните ограничувања
Сцената со претходната фотографија се однесува е пристапните сообраќајници на автопатиштата А6 и А10 во околината на Париз, и токму таму со камера инсталирана на беспилотно летало или дрон е снимен мотоцикл кој се движел значително повеќе од законската рамка. Ваков вид на контрола за првпат се спроведува во Франција.
Се разбира, снимката може да се користи за да се документираат и други видови на сообраќајни прекршоци, како што се возење во спротивен правец, движење на итна лента или претекнување побавно возило на десната страна и слично.
Како функционира полицискиот дрон во пракса? Снимките и фотографиите кои ги бележи беспилотното летало се емитуваат на таблет, компјутерски екран на агентот кој претставува врска помеѓу дежурниот припадник на сообраќајната полиција кој управува со беспилотното летало и надлежните за утврдување на сообраќајни прекршоци.
Првиот експеримент покажал дека употребата на беспилотни летала за оваа намена е соодветна, бидејќи се покажале како соодветни за документирање на сериозни прекршоци на локации каде што контролата на традиционален начин е потешко да се спроведе.
Во текот на експерименталната контрола која траела од 7:30-08:45, биле регистрирани дури 35 прекршоци направени од мотоциклисти, што е двојно повеќе од просек во ист временски интервал, со спроведување на конвенционалните методи на контрола на сообраќајот.
Имајќи го во предвид овој резултат и високото ниво на ефикасност, не постои сомнеж дека беспилотните летала ќе бидат вклучени во редовните механизми за контрола на француската полиција во многу блиска иднина.