Formula 1: Во 2020 година дефинитивно 17 трки?!
Раководството на Formula 1 дефинитивно го „затворило“ календарот за 2020 година, пишува Motorsport
Порталот Motorsport наведува дека најдобрите возачи на денешнината на 15. ноември ќе учествуваат на трката за ГН на Турција, а до крајот на шампионатот, во календарот ќе има уште две трки во Бахреин (29 ноември и 6 декември), а последната ќе се вози во Абу Даби (13 декември).
Доколку се потврдат овие информации, тоа значи дека оваа сезона ќе се одржат вкупно 17 трки, што се вклопува во оригиналниот план на раководството на Ф1 да одржи помеѓу 15 и 18 тркачки викенди.
Поради пандемијата на коронавирус, трките во Америка и Австралија беа откажани.
Следната трка е на 30 август во Белгија, на патеката Спа.