Возачот на Red Bull, Макс Верстапен е победник на Големата награда на Австрија, додека новиот лидер во генералниот поредок е Себастијан Фетел!

Верстапен до победата стигна од четвртата стартна позиција искористувајќи ја очајната тактика на Mercedes бидејќи Луис Хамилтон не замина во бокс на промена на гумите додека на патеката беше безбедносното возило.

Холанѓанецот тогаш го презеде водството и ја освои четвртара победа во кариерата. На крајот, Mercedes доживеа дебакл, бидејќи и Валтери Ботас кој стартуваше од пол позицијата и Хамилтон не ја завршија трката.

На крајот, на подиумот се најдоа и двата возачи на Ferrari, Кими Раиконен како втор, а Фетел како трет, што на Германецот му го донесе првото место со поен предност во генералниот пласман пред Хамилтон.

Треба да се забележи дека Verstapen на Red Bull му ја донесе првата домашна победа на патеката во Шпилберг воопшто во историјата на тимот.

Трката освен двата болида на Mercedes не ja завршиja ниту Даниел Рикардо, Нико Хилкенберг и Брендон Хартли, додека едно од изненадувањата на трката беше Роман Грожан на четвртото место за првите 12 поени во сезоната.

Во бодови завршија и петтиот Кевин Магнусен, шестиот Естебан Окон, седмиот Серхио Перес, осмиот Фернандо Алонсо, деветтиот Шарл Леклер и десеттиот Маркус Ериксон.

2018 Austrian Grand Prix | Race Highlights

2018 Austrian Grand Prix | Резултати

2018 Austrian Grand Prix | Изјави по трката



2018 Formula 1 | Генерален пласман ВОЗАЧИ

Следната трка е веќе следниот викенд во Силверстоун, за Големата награда на Велика Британија.