Formula 1 следната година ќе тестира донекаде променте формат на квалификиации
Тестирањето на новиот формат на квалификации е најавено за 2023 година. Ова всушност не се некои револуционерни промени, а се однесуваат пред се на употребата на гуми
Светската автомобилска федерација сака да го намали бројот на гуми што се користат за време на секој ГП викенд во Formula 1.
„Ова ќе биде одработено со цел да го оцениме влијанието на редукцијата на сетови на гуми на возењето во текот на тркачкиот викенд, со генерална намера да постигнеме нешто поодржливо користење на гумите во иднина“.
Ова би подразбирало и некои промени во правилата за употреба на гуми за време на квалификациите. Сега, возачите имаат целосна слобода во изборот на гуми за квалификациите, додека на овие експериментални тркачки викенди би се одредувале одредени гуми за секоја квалификациска рунда – тврди гуми за Q1, средно тврди за Q2 и меки за Q3. Во случај на дожд, изборот би бил слободен.
Поинаков ќе биде и распоредот на сетови за тимовите. Тие би имале четири софт комплети, четири медиум комплети и три тврди комплети, по возач. Во моментов, овие соодноси се: осум сета на меки гуми, три сета на медиум гуми и два комплета тврди. Во FIA веруваат дека со вакво користење на гумите може да се намали количеството отпад што останува по секое Гран При.