Од следната година, во САД ќе се возат дури три трки од Светскиот шампионат во Formula 1. На Остин и Мајами им се придружува и Лас Вегас како град домаќин на трка во Formula 1.

Formula 1 официјално објави дека во календарот за Светскиот шампионат за 2023 година свое место ќе има и Големата награда на Лас Вегас. Легендарниот град во Невада веќе бил домаќин на трки во Formula 1 на почетокот на 1980-тите. Во оваа нова верзија на Гран при во Лас Вегас, Formula 1 болидите ќе се тркаат покрај бројните престижни хотели и казина.

Со додавање на трка во Лас Вегас, јасно е дека од следната сезона во САД ќе има дури три трки. Од порано тука е ГН на САД во Тексас, оваа година стартува ГН на Мајами, а од 2023-та и ново гран при во Невада.

Што се однесува до патеката во Лас Вегас, кругот ќе биде долг 6,12 километри и ќе има 14 свиоци. Има три долги правци и еден многу побавен и кривулест дел од патеката. Трката ќе се состои од 50 круга и секако ќе се вози под рефлектори. Премиерата на новата патека е планирана за ноември 2023 година, а друга специфичност е тоа што трката би се возела во сабота.

„Иконскиот Лас Вегас и Formula 1 како врв на мотоспортот, тоа е совршен брак на брзината и гламурот. Евидентно е видлива нашата верба во оваа единствена можност. Не би можеле да бидеме повозбудени поради соработката со локалните партнери за да го создадеме овој одличен настан. Потенцијалот на Formula 1 е добро демонстриран во изминатите неколку сезони, а Лас Вегас сето тоа ќе ќе го подигне на следното ниво“.

Грег Мафеи, првиот човек на на Liberty Media

Кога за прв пат во историјата на Formula 1 се случило една земја да има дури три гран-при трки на своја територија во иста сезона, повторно во игра бил Лас Вегас. Тоа се случило во 1982 година кога се возени трки во Long Beach, Детроит и Лас Вегас. Ceasars Palace Grand Prix е официјалното име на последната трка од таа сезона. Во поновата историја, на три трки во една сезона домаќини биле и Италијанците, кога во 2020 година поради пандемијата се возеа трки во Монца, Имола и Муџело.

„Ова е неверојатен момент за Formula 1 кој ја покажува огромната привлечност и раст на нашиот спорт со додавање на трета трка во САД. Лас Вегас е дестинација добро позната низ светот по возбудата, гостопримството и секако познатите стрипови. Нема подобро место за трка во Formula 1 од главниот град на светот кога станува збор за забава и едвај чекаме да дојдеме овде следната година“.

Стефано доменикали, првиот човек на Formula 1