Formula 1: Мајами и официјално во календарот од следната година!
Она за што се шпекулираше во последните неколку недели доби и официјална потврда – Мајами ќе биде домаќин на Formula 1 трка од 2022 година, а ќе се вози во близина на стадионот Hard Rock
Договорот помеѓу промоторот на трката и раководството на Formula 1 е потпишан дури 10 години, а датумот на првата трка во Мајами ќе биде објавен подоцна во сезоната.
Патеката ќе биде долга 5,41 километри, ќе има 19 кривини со три правци и три можни DRS зони. Очекуваната максимална брзина е околу 320 km/h, а промоторите се надеваат дека конфигурацијата на патеката ќе овозможи многу престигнувањa и акција на патеката.
По потпишувањето на договорот со Мајами, Стефано Доменикали, претседателот на Formula 1, изрази задоволство што САД ќе имаат дури две трки во календарот на овој „октански циркус“.
„Можам да кажам дека сме многу задоволни што Formula 1 ќе се вози по улиците на Мајами од 2022 година. Соединетите држави се еден од клучните пазари за нашата марка, и со втората трка на таа територија, ние дополнително ќе ја популаризираме Formula 1 во САД. До трката, ќе работиме со нашите партнери во Мајами за да им овозможиме на гледачите одлична трка. Благодарни сме на сите луѓе кои го поддржаа овој проект и се надеваме дека нема да ги разочараме. Со нетрпение очекуваме да го донесеме најголемиот светски тркачки спектакл во Мајами“, вели Доменикали.
Во име на организаторите на трката во Мајами, кратка изјава даде Том Гарфинкел:
„Стадионот Hard Rock и целиот тој комплекс е дизајниран да биде домаќин на најголеми спортски настани, а доаѓањето на Formula 1 во Мајами е сигурно. Работевме со дизајнери на патеки ширум светот за да имаме атрактивна патека и одлични трки. На крајот, би сакал да се заблагодарам на Formula 1 за можноста, и им посакувам многу среќа на нашите партнери во Мајами во организирањето на овој настан“.