Во текот на денот, сите екипи се согласиле со новиот ограничен буџет

Од 2021 година па понатаму, во Formula 1 ќе има правило за ограничување на буџетот односно финансиски фер-плеј, а тој ќе изнесува 145 милиони долари. Оваа информација за Sky Sports денес ја соопшти Рос Браун, спортскиот директор во Formula 1. Инаку, според првите наводи, оваа бројка требаше да достигне 175 милиони, но заради пандемијата на коронавирус и финансиската криза, таа беше намалена за дополнителни 30 милиони. Она што е важно е дека во оваа сума не влегуваат платите на возачите.

„Оваа дебата ја започнавме со бројка од 175 милиони американски долари, но по долга „битка“ и поради сегашната криза, сега можеме да стартуваме со 145 милиони“, вели Браун.

И покрај тоа, сега на маса е прашањето колку оваа бројка може дополнително да се намали во наредниот период.

„Сега почнува расправата за тоа колку оваа бројка дополнително може да се намали во следните неколку години“, додава спортскиот директор во Formula 1.