Францускиот и данскиот возач преку социјалните мрежи потврдија дека го напуштаат Haas

Ромен Грожан ги потврди информациите кои кружат веќе подолго време во F1 падокот, а тоа е дека американскиот тим викендов ќе претстави комплетно новa возачка постава за следната сезона.

„Последното поглавје е завршено и книгата е подготвена. Во Haas сум од нивниот прв ден. Пет години во кои поминав многу подеми и падови, постигнав 110 поени на 92 трки, но овој пат вредеше. Научив многу и се подобрив и како возач и како личност“, пишува во постот на Ромен Грожан. „Се надевам дека им помогнав на луѓето и тие да станат подобри. Тоа е веројатно мојата најголема гордост, дури и повеќе од некои луди трки како што беше во 2016 година или четвртото место на Големата награда на Австрија во 2018 година. На тимот му посакувам сè најдобро во иднина“.

Сличен пост стигна и од Кевин Магнусен.

„Оваа 2020 година ќе биде моја последна со тимот на Haas. Поминав убаво време со тимот и тоа беше добра авантура. Да се ​​биде дел од сосема нов тим е предизвик и уживав во секој момент. Тоа задоволство ми донесе дополнително искуство. Ме направи подобар возач“. напиша Магнусен на својот Twitter профил. „Сакам да им се заблагодарам на Хене и Гинтер, како и на сите во тимот за нивната лојалност во последните неколку години. Работам на моите понатамошни планови и се надевам дека наскоро ќе успеам да ги објавам. Останаа шест трки до крајот и ќе сторам се како што треба за да ја завршам оваа приказна на убав начин“.