Организаторите на светскиот шампион во Formula 1 Liberty Media официјално претставија модел на болидот кој ќе се користи од почетокот на сезоната 2022, кога ќе стапат на сила и целосно новите правила

Макетата на болидот во природна големина беше преставена на патеката Силверстоун на само еден ден до почеток на тркачкиот викенд во кој ќе се вози трката за ГН на Велика Британија, инаку единаесетта во овогодинешниот шампионат.

Значително редизајнираната аеродинамика е најочигледна промена од сегашниот дизајн. Изгледот на предниот и задниот дел од болидот драстично се сменил, а работата на предниот дел е да генерира потисна сила во близина на друг болид и да обезбеди полесна контрола на предните тркала. Болидот за прв пат добива и  крила на тркалата.

Од Formula 1 се наведува и дека болидите ќе користат одржливи горива.

Со стартот на примената на новите технички регулативи ќе започне и нова ера во Formula 1. Овие правила имаат за цел да ги намалат разликите помеѓу тимовите, да ги намалат трошоците и да ја зголемат возбудата, со акцент на претекнувањето.

Некои веднаш заклучија дека носот на автомобилот е грд и дека сè како целина изгледа некако ефтино, многу потсетувајќи на болидите од серијата IndyCar.

Секако, неизбежни беа и шегите на сметка на новиот дизајн, како и шемата за бои за презентацијата.

Жан Тод Тод и Стефано Доменикали во кратките изјави истакнаа дека новите болиди се дизајнирани да им овозможат на возачите да се тркаат побрзо и со ограничување на буџетот на сите тимови им овозможуваат да добијат еднаква шанса да се борат за првото место.

Сепак, ова е еден вид генерички изглед и треба да се очекува дека она што тимовите ќе го подготват и покажат во февруари ќе биде поинакво.

Сега останува само да почекаме за официјални презентации и предсезонски тестови околу половина година.