Formula 1 го претстави болидот за 2022 година / ФОТО+ВИДЕО
Организаторите на светскиот шампион во Formula 1 Liberty Media официјално претставија модел на болидот кој ќе се користи од почетокот на сезоната 2022, кога ќе стапат на сила и целосно новите правила
Макетата на болидот во природна големина беше преставена на патеката Силверстоун на само еден ден до почеток на тркачкиот викенд во кој ќе се вози трката за ГН на Велика Британија, инаку единаесетта во овогодинешниот шампионат.
Значително редизајнираната аеродинамика е најочигледна промена од сегашниот дизајн. Изгледот на предниот и задниот дел од болидот драстично се сменил, а работата на предниот дел е да генерира потисна сила во близина на друг болид и да обезбеди полесна контрола на предните тркала. Болидот за прв пат добива и крила на тркалата.
Од Formula 1 се наведува и дека болидите ќе користат одржливи горива.
Со стартот на примената на новите технички регулативи ќе започне и нова ера во Formula 1. Овие правила имаат за цел да ги намалат разликите помеѓу тимовите, да ги намалат трошоците и да ја зголемат возбудата, со акцент на претекнувањето.
Coming in 2022 – the next big leap in the evolution of F1 cars ?????#F1 #F12022 pic.twitter.com/txplJHWUZf
— Formula 1 (@F1) July 15, 2021
Take a closer glance at the differences between our 2021 and new-for-2022 car ?#F1 #F12022 pic.twitter.com/CqqUoF8ikv
— Formula 1 (@F1) July 15, 2021
Некои веднаш заклучија дека носот на автомобилот е грд и дека сè како целина изгледа некако ефтино, многу потсетувајќи на болидите од серијата IndyCar.
Секако, неизбежни беа и шегите на сметка на новиот дизајн, како и шемата за бои за презентацијата.
Tirando essa calotinha, que tem um ar "futurista-retrô", gostei bastante do carro. Parece menor que os caminhões atuais.
Só poderiam ter caprichado mais nessa pintura…. pic.twitter.com/j8k62r7kLN— bruno mantovani (@bmantovani) July 15, 2021
Жан Тод Тод и Стефано Доменикали во кратките изјави истакнаа дека новите болиди се дизајнирани да им овозможат на возачите да се тркаат побрзо и со ограничување на буџетот на сите тимови им овозможуваат да добијат еднаква шанса да се борат за првото место.
Сепак, ова е еден вид генерички изглед и треба да се очекува дека она што тимовите ќе го подготват и покажат во февруари ќе биде поинакво.
Сега останува само да почекаме за официјални презентации и предсезонски тестови околу половина година.