Formula 1: ГН на Австралија ќе спречи драма како онаа со Новак Ѓоковиќ
Големата награда на Австралија во Formula 1 оваа сезона нема да биде прва на програмата
Трката во Алберт Парк ќе се вози дури на 10 април по Бахреин и Саудиска Арабија, а тоа е сосема доволно време да се подготват сите формалности околу оваа трка.
Човекот кој е задолжен за организација на Големата награда на Австралија, Ендрју Вестакот вели дека ќе се избегне драмата што му се случи на Новак Ѓоковиќ. Тој најавува дека сите заинтересирани ќе соработуваат далеку подобро отколку што беше случајот со Австралија опен. Државата, сојузната влада и Formula 1 ќе бидат во многу подобра комуникација, вели тој.
Тоа значи дека правилата за добивање виза за влез во Австралија ќе бидат појасни, а на Formula 1 веќе и е јасно дека на овој настан ќе можат да присуствуваат само вакцинирани лица.
„Правилата за влез во земјата се јасни и лесни за примена во Formula 1. За да дојдете треба да бидете вакцинирани и нема исклучоци за никого. Formula 1 сфати дека мора да ги следи правилата за влез во земјата. Тие ги знаат правилата и се согласуваат со нив“, вели Вестакот.
Патем, во Formula 1, повеќето возачи поддржуваат вакцинација. Пред крајот на сезоната сите учествуваа во промотивно видео во кое ги поканија луѓето да примат вакцина. Единствениот кој имаше мал излет со приказна за вакцините беше Луис Хамилтон, кој летото 2020 година на социјалните мрежи пишуваше за теорија на заговор во која се споменуваа Бил Гејтс и вакцините.