Formula 1: Фетел со подобра тактика го надмудри Хамилтон во Австралија
Возачот на Ferrari, Себастијан Фетел, е победник на првата трка од овогодинешното првенство во Formula 1 за Големата награда на Австралија во Мелбурн
Германецот славеше пред актуечниот светски шампион Луис Хамилтон од Mercedes. Фетел го освои Алберт Парк втор пат по ред, а вкупно трет пат во кариерата.
Фетел победи благодарејќи на доброто возење, но исто така и на добрата стратегија, заминувајќи во боксот на замена на гуми во моменти додека на патеката беше виртуелното возило за безбедност. По заментата на патеката излезе пред Хамилтон, го задржа водството и ја постигна својата 48. победа во кариерата.
Третото место му припадна на Кими Раиконен од Ferrari, пред Даниел Рикардо од Red Bull и Фернандо Алонсо од McLaren. Возачот на Red Bull, Макс Верстапен, го освои шестото место, а седми беше Нико Хулкенберг од Renault. Поени освоија и Валтери Ботас од Mercedes, Стофел Вандорн од McLaren и Карлос Саинз од Renault.
За трката…
Како и минатата година, во првата трка од овогодинешното издание на Formula 1 шампионатот беше видена голема борба помеѓу четирикратните светски шампиони Луис Хамилтон и Себастијан Фетел, а Фетел исто како и минатата година беше поуспешен, возејќи речиси беспрекорно.
Хамилтон започна добро, ја задржа лидерската позиција пред Раиконен, кој го притисна и се обиде да се пробие напред. Зад нив останаа Фетел, Магнусен, Верстапен и Гросјан, додека Ботас заостана на 15. место.
На крајот од првиот круг, Хамилтон стекна 1,2 секунди пред Раиконен, а во тие моменти најинтересна беше борбата меѓу Верстапен и Магнусен за четвртото место.
До осмиот круг, Хамилтон ја зголеми предноста на 2,1 секунди пред Раиконен, додека Фетел заостануваше 1,4 секунди зад клупскиот колега.
Возачот на Williams, Сергеј Сироткин, во шестиот круг поради дефект ја заврши својата прва Formula 1 трка во кариерата, а по него и Маркус Ериксон. Во 10 круг Верстапен изгуби контрола над болидот, се сврте и на кратко излезе надвор од патеката, по што беше претекнат од страна на Грожан, Хулкенберг и Рикардо, и во поредокот падна на осмото место.
Хамилтон во меѓувреме ја зголеми предноста на 2,8 секунди.
Следува откажувањето на Пјер Гасли од Toro Rosso oткако избувна чад од неговиот автомобил со мотор на Honda.
Во 19. круг Кими Раиконен замина во боксот на замена на гумите и на патеката излезе пред Магнусен на третото место. По него во боксот заминува и Хамилтон, по што на патеката се врати пред Финецот, но зад Фетел кој суште немаше направено замена на гумите.
Кратко време по напуштањето на боксот, возачот на Haas, Магнусен, мораше да се откаже, а потоа истото се случи и со неговиот колега, Роман Грожан, кој остана покрај патеката, па поради тоа во 29. круг беше воведено виртуелното возило за безбедност.
Целата ситуација најдобро ја искористи Фетел, кој влезе во боксот на замена на гумите и на патеката се врати пред Хамилтон. Британецот преку радиото праша дали направил грешка, дали требало да вози побрзо, а од тимот му одговорија дека се анализира ситуацијата.
Наскоро на патеката се појави и безбедносното возило, бидејќи редарите не можеа да го отстранат автомобилот на Haas, а Рикардо и Верстапен во тој момент беа четврти и петти. Верстапен мораше да го пропушти Алонсо на петтото место, бидејќи непрописно го помина при присуство на безбедносното возило на патеката. Трката беше продолжена во 32. круг, а Фетел ја водеше трката пред актуелниот светски шампион.
Рикардо се обиде да го претекне Раиконен на третото место, а побрз од сите беше водечката двојка – Фетел и Хамилтон, кои беа речиси изедначени и водеа голема битка за првото место. Во 47. круг, Британецот направи грешка, кратко излета од патеката, така што Фетел направи предност од 2.8 секунди, што беше доволно на крајот Фетел да триумфира. Раиконен ги одби нападите на Рикардо и се искачи на третото место.
2018 Australian Grand Prix (РЕЗУЛТАТИ)
2018 Australian Grand Prix (HIGHLIGHTS)
2018 Australian Grand Prix (ИЗЈАВИ ПО ТРКАТА)
“I did everything I was supposed to do. I’m in disbelief” – @LewisHamilton#AusGP #F1 pic.twitter.com/EkIP8DY1Ur
— Formula 1 (@F1) March 25, 2018
VET: “We got a bit lucky with the Safety Car” #AusGP #F1 pic.twitter.com/2KV5FC0HXQ
— Formula 1 (@F1) March 25, 2018
RAI: “I think I had decent speed all day, but it’s hard to overtake… I’ll take third place. I’m happy with the car” #AusGP #F1 pic.twitter.com/THcuFSWsbr
— Formula 1 (@F1) March 25, 2018
HAM: “Congrats to Seb and Ferrari, they did the better job today. I had great pace, and I was able to apply some pressure at the end… it’s an awesome circuit but it’s so hard to pass” #AusGP #F1 pic.twitter.com/ByCZXHPpeo
— Formula 1 (@F1) March 25, 2018
VET: “Obviously we were a little bit lucky today but we take it. We put up a flag in Maranello for every win. It’s a good start and fresh motivation for the coming weeks” #AusGP #F1 pic.twitter.com/uB6zKIaGtb
— Formula 1 (@F1) March 25, 2018
Следната трка од шампионатот е закажана за 8 април и Големата награда на Бахреин.