Formula 1: Фетел позитивен на Ковид-19, во Бахреин го менува Хулкенберг
Aston Martin Aramco Cognizant F1 Team е принуден да менува возач пред почетокот на новата сезона во Светскиот шампионат во Formula 1
UPDATE: Sebastian Vettel has tested positive for COVID-19 and will therefore not be taking part in the 2022 #BahrainGP.
Replacing him in the AMR22 will be Reserve Driver @HulkHulkenberg, who will be in the car from FP1 onwards. #F1 pic.twitter.com/36wnI8LUAC
— Aston Martin Aramco Cognizant F1 Team (@AstonMartinF1) March 17, 2022
На само еден ден пред почетокот на трката за ГН на Бахреин, тимот на Aston Martin објави дека Себастијан Фетел има коронавирус. Германецот беше позитивен на тестирањето и затоа ќе мора да ја пропушти првата сезонска трка, а негова замена ќе биде Нико Хулкенберг.
Ситуација која не е непозната за Хулкенберг. Откако остана без постојано возачко место во Formula 1, Хулкенберг има возено на три трки како замена. Тоа беше во 2020 година додека тимот сè уште се викаше Racing Point. Прво го замени Серхио Перез на две трки во Силверстон, а потоа подоцна во текот на сезоната се натпреваруваше на Нирбургринг наместо Ленс Строл. И двајцата ги пропуштија споменатите тркачки викенди поради коронавирус.
Сега истиот проблем го има Фетел, а дополнителен проблем е фактот што следната трка се вози веќе следниот викенд во Саудиска Арабија. На Себ ќе му треба негативен тест во деновите по ГП во Бахреин за да му биде дозволено да се натпреварува на втората трка од сезоната. Во спротивно хулкенберг ќе добие шанса за уште еден настап. На патеката, Сахир, доколку се оди според планот, ќе го регистрира својот 180-ти старт во Formula 1 шампионатот.
Ова е втор случај на инфекција со Ковид-19 на почетокот од оваа сезона. Даниел Рикиардо беше позитивен минатата недела и мораше да го пропушти претсезонскиот тест во Бахреин. Австралиецот се опорави, навреме доби негативен наод па ќе може да вози за McLaren.
Инаку, Formula 1 ги олесни мерките поврзани со протоколот Ковид за оваа година. Возачите повеќе не се обврзани на редовно тестирање, туку се препорачува ПЦР тестирање, а се укинуваат и правилата на таканаречениот „затворен балон“ кои беа во сила во текот на 2020 и 2021 година.