Како никогаш досега, трката за ГН на Унгарија донесе многу возбуда и драма

Тркачкиот ден донесе одредена неизвесност во текот на утрото, кога падна првата голема количина на дожд. Оттогаш, сите ја следеа временската прогноза и радарот, па така FIA објави соопштение дека дожд може да падне половина час пред почетокот, што на крајот и се случи. Поради него, температурата на патеката се намали на 39 степени, додека температурата на воздухот беше „само“ 27 степени.

FIA донесе одлука дека нема да има DRS за време на првиот дел од трката и сите возачи одлучија да стартуваат со средни гуми, a дождот продолжи да паѓа и во формацискиот круг. Единствено Антионио Џовинаци се одлучи да оди на замена и стави гуми за дожд. 

Очигледно влажната подлога донесе голем хаос веќе на самиот старт односно првиот свиок. Хамилтон ја поведе колоната, Верстапен го следеше, но Ботас падна во поредокот, за веќе на првиот свиок да го торпедира Норис кој заврши во двата болида на Red Bull. Во исто време Строл греши на кочењето и удира во Леклерк кој поради природата на оптетувањето ја завршува трката. Како резултат на сето тоа, на патеката излезе безбедносното возило. Веќе првиот свиок значеше крај за Ботас, Норис кој иако стигна до гаражата, веќе не излезе на патеката, Перез, Строл и Леклер.

По инцидентот, Хамилтон ја предводеше колоната пред Окон, Фетел, Саинц, Цунода, Латифи, Алонсо, Расел, Раиконен и Шумахер. Верстапен веднаш отиде во боксот, но кога се врати, десниот дефлектор испадна од болидот, па Холанѓанецот беше на 13 -та позиција. Раководството на трката се одлучи црвено знаме и прекин на трката. Сите болиди стигнаа до боксот, така што тимовите имаа можност да ги направат потребните поправки и измени. 

Прекинот траеше околу 25 минути, по што сите возачи се упатија кон излезот за патеката и по втор пат го започнаа формирачкиот круг, но овој пат под водство на безбедносно возило. За да бидат работите уште потешки, патеката почна да се суши, а механичарите на Red Bull успеаја да го поправат болидот на Верстапен. Окон одлучи да оди на промена на гумите пред рестартот, па стави средна компонента наместо интермедиа, за по него истото го направат и сите други освен Хамилтон. Така на стартот остана само Хамилтон со интермедиа гуми, додека останатите требаше да стартуваат од питлејнот. Лошата проценка на бксот на Хамилтон, го натера Британецот веќе во третиот круг да прави замена, по што падна на последното место, а трката ја предводеше Окон пред Фетел, Латифи, Цунода, Саинц, Алонсо, Расел, Раиконен, Шумахер и Верстапен.

По 6-от круг, Окон има предност од една секунда пред Фетел, додека Верстапен не успеваше да го помине Шумахер на 10-то место. Водечкото дуо успеа да се одвои од остатокот од караванот, па Фетел имаше речиси 6 секунди предност пред третопласираниот Латифи. Во 10 -от круг Хамилтон успеа да го заобиколи Џовинаци на првиот свиок и да го заземе 13 -то место. Тогаш почува и големата борба која ја започнаа Гасли и Хамилтон, додека Верстапен по многу маки и голема борба во првиот сектор успеа да го заобиколи Шумахер и да го преземе 10 -то место. Круг подоцна истото го прават и Гасли и Хамилтон.

Во 16 -от круг, Кими Раиконен е првиот кој заминува во боксот по тврди гуми. Во тој момент, Фетел се приближи до Окон во борбата за првото место, за да во 20 -от круг, Хамилтон одлучи да оди во бокс и да стави тврди гуми. По еден круг, истото го сторија и Рикиардо и Верстапен. Сепак, Хамилтон на овој начин успеа да ги заобиколи возачите на Red Bull и McLaren, со што успева да стигне до 10-то место. 

Хамилтон продолжи да го брка Цунода додека Окон успеа да ја зголеми разликата во однос на Фетел на скоро 2 секунди, додека Верстапен остана заглавен зад Рикиардо на 12 -та позиција. Актуелниот шампион успеа да го заобиколи Цунода во 4 -от свиок и да стигне до петтата позиција. Во меѓу време Саинц е тој кој се решава на промена на гумите. На Шпанецот му поставија гуми со тврда компонента и по враќањето успеа да остане на 4 -та позиција. Шумахер се бранеше доста добро на 9 -то место до 35 -от круг кога ги загуби позициите од Расел, Рикардо и Верстапен во неколку свиоци. Дури во 37. круг Фетел оти на замена од втората позиција (тврда компонента), по што се враќа на третото место пред Карлос Саинз. Еден круг подоцна, истото го прави и водечкиот Окон, кој успеа да ја задржи предноста пред возачот на Aston Martin откако се врати  на патеката. Фернандо Алонсо ја имаше честа да ја води трката во овие моменти се до 40-от круг, кога по враќањето од боксот на патеката, доаѓа на 5-то место.

Во оваа фаза од трката, Окон има 1 секунда предност пред Фетел на лидерската позиција, додека Сајнц беше трет, а Хамилтон четврти. Зад него беа Алонсо, Цунода, Гасли, Латифи, Расел и Рикиардо додека Ветрсапен беше на 11 -то место. Верстапен потоа одлучи да оди во боксот и да ги замени тврдите гуми со средна компонента. Алонсо ги искористи своите свежи гуми, па почна значително да ја намалува разликата во однос на Хамилтон.

На 22-ва круга до крајот, Хамилтон се одлучува на уште една замена на гумите (повторно средна компонента), по што се врати на петтото место. Фетел почна да врши силен притисок на Окон, но овој успешно одолеваше при секој напад. Во меѓувреме се отвори борба за третото место меѓу двајцата Шпанци, на кои Хамилтон веќе брзо им се приближуваше. Сепак возачот на Mercedes никако не успеваше да го заобиколи Алонсо.

По долга борба на 10 круга до крајот, Верстапен успеа да го заобиколи Рикиардо и да стигне до 10 -то место, додека Хамилтон продолжи да врши притисок врз Алонсо, кој фантастично се бранеше. По долга борба, сепак во 65-от круг Хамилотн успева да го заобиколи Алонсо во пристапот за вториот свиок, по грешка на Шпанецот, по што веднаш започна да го напаѓа Карлос Саинц.

Возачот на Ferrari успеа да издржи само два круга под нападите на Хамилтон, по што го загуби третото место. На 3 круга до крајот, Окон имаше 10 секунди предност пред Хамилтон и јуришаше кон својата прва победа.


Сега следи летната пауза, а следната трка е закажанa за 29 август за ГН на Белгија.

2021 Hungarian Grand Prix / Резултати

2021 Hungarian Grand Prix / Одлука по трката

Веднаш по трката, FIA изврши преглед на сите болиди според стандардната процедура, односно извлекување по 1 литар гориво од секој болид, што оди на понатамошни тестирања. Меѓутоа, тоа не беше случај со болидот на Фетел, кога на крајот беа извадени само 0,3 литри, а поради то неговиот резултат беше поништен. Така, на крајот Хамилтон по административен пат го освои второто место, Саинц третото, а последниот бод му припадна на Кими Раиконен.

2021 Hungarian Grand Prix / Race Highlights

2021 Hungarian Grand Prix / Изјави по трката