
Formula 1: Договорено замрзнување на развојот на моторите од 2022
Вчерашниот состанок помеѓу раководството на Formula 1 и тимовите беше и Ден Д за Red Bull и нивната иднина во Formula 1
Honda, која ги снабдува со мотори тимот на Red Bull, на изненадување на многумина, одлучи да се повлече од Formula 1 на крајот од 2021. Таквата одлука го доведе Red Bull во ситуација да мора да бара нов снабдувач.
Сепак, тимот од Милтон Кинс тргна по друг пат и се согласи да ја преземе комплетната технологија на Honda за производство на единици. Сепак од таквата одлука произлезе друг проблем, а тоа е што Red Bull нема персонал кој може да го продолжи понатамошниот развој на платформата на Honda. Затоа, австрискиот тим побара од другите производители и Formula 1 да го замрзнат развојот на моторите по 2021 година и заминувањето на Honda, сè до влегувањето во сила на новите правила во врска со моторните единици, кои се очекуваат во 2025 или 2026 година.
Гласањето за ова беше еднаш веќе беше одложено, но на вчерашниот состанок сите се согласиле, па следствено е донесена конечна одлука за замрзнување на развојот на крајот од 2021 година. Сепак, сè уште има детали што допрва треба да се дефинираат, но клучно за Red Bull e дека е постигнат договор.