Formula 1: Дали повторно ќе гледаме две трки во Австрија?
Formula 1 се подготвува да додаде уште еден тркачки викенд во Австрија во календарот кој постојано се менува
Првите луѓе на трката во Баку вчера потврдија дека нема да се согласат на замена на датуми со Турција, која очигледно ќе остане без трка. Претходно, Муџело и Нирбургринг се споменуваа како потенцијални замени, но Formula 1 се чини има подготвено уште еден план, а тој е повторно да се возат две трки во Австрија.
Информација ја пренесува весникот Osterreich каде веруваат дека официјалната потврда би можела да пристигне уште пристигне денес.
Големата награда на Австрија е закажана за 4 јули, но во овој случај би се возела уште една трка, една недела порано.
Весникот Osterreich тврди дека поради тоа, француското ГП можеби ќе се вози една недела порано, на 20 јули, додека терминот во кој требаше да се вози прво Канада, а потоа и Турција, се дефинитивно избришани од понатамошните планови.