„Не гледаме зошто луѓето не би ги користеле своите возила како канцеларија со фантастичен квалитет, за да можат да соработуваат“

Како што автомобилите се повеќе се поврзуваат, а системите за информации и забава стануваат се повеќе и повеќе клучна продажна точка, јасно е зошто производителите на автомобили замислуваат нови начини на кои сопствениците можат да ги користат своите возила. Така Ford своите електрични возила ги замислува како мобилни канцеларии, па затоа и започнал соработка со Cisco за да ги направи своите електрични возила идеално место за состаноци.

Иако ништо не ја спречува употребата на технологии во конвенционалните возила, Ford е заинтересиран да ја интегрира технологијата за состаноци Cisco Webex да ја интегрира во својата следна генерација на електрични возила. 

„Не гледаме зошто луѓето не би ги користеле своите возила како канцеларија со фантастичен квалитет, за да можат да соработуваат“, вели Дарен Палмер, потпретседател на програмите за електрични возила на Ford.

Според Палмер, компанијата не сака само да им дозволи на луѓето да се приклучат на онлајн состанок од автомобилот, туку сака нејзините електрични возила да бидат најдоброто место за одржување состаноци. Палмер ги наведува придобивките од висококвалитетните звучни системи, микрофоните и екраните присутни во новите возила на Ford, истовремено истакнувајќи дека, за разлика од повеќето канцеларии, добро опремениот Ford F-150 Lightning има греење, ладење и масажа на седиштата.

Самиот Палмер го тестирал системот, откако неодамна поминал цели осум часа на состаноци преку Webex од удобноста на неговиот F-150 Lightning. 

„Беше климатизирано, тивко, со фантастичен квалитет на звукот“, вели Палмер.

Системот е исто така специјално прилагоден на автомобилската средина. Функцијата Optimize for My Voice на Webex се фокусира на гласот на учесникот на состанок додека ги исклучува другите звуци во кабината, без разлика дали се работи за бучава од патот или немирни патници.

За оние компании кои веќе работат на платформата за состаноци на Cisco Webex, електричните возила на Ford опремени со SYNC 4A може да се покажат како корисна алатка за персоналот кој често се придружува на состаноци додека се надвор од канцеларија.