Ford развива роботизиран полнач кој сам се прикачува на електричниот автомобил / ВИДЕО
Дополнувањето на батеријата кај електричните автомобили лесно може да биде проблематична работа за лицата со посебни потреби, особено во ситуации кога тоа треба да се направи на јавни полначи. Експертите од американската компанија Ford се свесни за тоа и затоа се обидуваат да конструираат прототип на роботизиран полнач кој би можел самостојно да се поврзе со електричната инфраструктура на електричните автомобили
Идејата е одлична и како таква на некои луѓе ќе им овозможи дополнителна погодност, а кај некои потенцијални купувачи можеби и полесна одлука за купување на ваков тип на автомобил. Токму вака луѓето од Ford ја коментираат новата идеја до која дошле, а која вклучува инсталирање на роботска рака која всушност би била медиум за пренос на електрична енергија од мрежата во батеријата на автомобилот.
Американскиот конструктор секако не е првиот што се обидува да дизајнира систем за полнење на батериите на електричните возила, без задолжително вклучување на човечка рака. Решението, доколку се најде, секако не е без значење бидејќи манипулацијата со кабелот, кој често е премногу тежок и крут, може да биде проблематичен дури и за целосно функционални луѓе. Така, германскиот Volkswagen веќе неколку години истражува систем за автономно полнење на батериите, додека американскиот Tesla слична идеја претстави уште во 2015 година.
Сепак, ниту еден од споменатите индустриски гиганти не успеа да го донесе проектот во комерцијална употреба, што е една од најзначајните пречки за носење одлука за купување на нов електричен автомобил кај многу луѓе. Истражувањето спроведено од страна на Институтот на потрошувачи со попреченост во Велика Британија, објавено во април 2021 година, ги опишува околностите под кои околу половина од испитаниците изјавиле дека имаат проблеми со ракување со кабли и со користење на полначи од сегашната генерација.
Роботот на Ford е скриен под ролетна и се наоѓа во близина на паркинг просторот каде што возилото е поставено по должина, па отворот за полнење е блиску до конекторот со надворешната мрежа. По активирањето, кое се иницира со телефонска апликација, се отвора ролетната и роботската рака се „закачува“ за електричната мрежа на автомобилот со батерии, а помошта што ја дава вградената камера која е од исклучителна важност.
Производителите на автомобили сугерираат дека таков систем би можел да се користи во иднина, на места резервирани за паркирање возила управувани од лица со посебни потреби. Поставување на такви склопови е можно и во дворовите на приватни куќи.