Ford планира да отпушти 3.800 работници за развој на производи и административни работни места во Европа во следните три години, објави компанијата.

Околу 2.300 работни места ќе бидат укинати во Германија, 1.300 во Велика Британија и 200 во остатокот од Европа, соопшти компанијата, додавајќи дека има намера да ги постигне кратењата преку доброволни програми.

Како што објави Reuters, Ford ги наведува зголемените трошоци и потребата од помала структура бидејќи сакаат да го пренасочат фокусот на производството на електрични возила.

„Потребни се намалувања за да се врати бизнисот во Европа“, се вели во соопштението на Ford.

На крајот на јануари, синдикатите проценија 2.500 отпуштања од работни места за развој на производи и уште 700 во администрацијата во Европа.

Главниот финансиски директор на Ford, Џон Лолер, овој месец најави „многу агресивно“ намалување на трошоците во производството и синџирот на снабдување.

Лоулер тогаш рече дека продуктивноста на инженерите во Европа е за 25 до 30 проценти помала отколку што треба.

Европскиот персонал на Ford последен пат забележа бран на отпуштања во 2019 и 2020 година, бидејќи производителот на автомобили се стремеше кон шест отсто оперативна маржа во Европа, што беше спречено од пандемијата.