Ford ги ангажираше првите роботи, еве што прават / ВИДЕО
Половина година подоцна, Ford ја реализираше најавата за два роботи во служба кои со своите карактеристики потсетуваат на филмскиот класик Terminator
Овие роботи се продолжение на постоечкото партнерство помеѓу Ford и Agility Robotics, а чија посебност се работење со луѓе и во човечко опкружување. Тие можат да работат во затворен простор, логистика, како и крајна испорака до клиентите. Од компанијата велат дека целта е на компаниите за испорака да им се понуди оптимално решение, односно со ваков робот, да го оптимизираат целиот процес на испорака до крајниот клиент.
Соработката помеѓу двете компании подразбира опремување на комерцијалните возила на Ford со вакви роботи, чии комуникациски и навигациски системи за возење ќе можат да обезбедат информации на роботите за пратката, како и за примачот, односно локација и начин на испорака на барање на клиентот.